Македонија
11. February 2016 - 21:15

Второ рочиште од судењето против обвинетите за тероризам во Дива населба

„Не сме терористи туку жртви на политички игри. Во Куманово не дојдовме да војуваме, имавме наредба да не ја напаѓаме полицијата и да пукаме во воздух“. Ова го тврди Насуф Бекири еден од 29-мина обвинети за случувањата во кумановско Диво Насеље. Еден од обвинетите пак рече дека 4-ца членови на вооружената група, меѓу кои и организаторите биле убиени во полициска станица откако се предале, а не во текот на вооружената престрелка. Нивната одбрана и денес трвдеше дека во овој случај нема елементи на тероризам. Според адвокатите, дејствијата опишани во обвинителниот акт, повеќе одговараат на кривичното дело спречување службено лице во вршење службено дејствије, отколку на тероризам.

29-мината обвинети се товарат за тероризам и терористичка организација за што им се заканува  казна од 8 години до доживотен затвор. Обвинителство тврди дека нападот во Диво насеље бил добро организиран, а обвинетите настапиле со директна умисла, при загинаа 8 припадници на македонските безбедносни сили и 10 членови на вооружената група. Следното судско рочиште е закажано за 23 февруари, кога пред Судкиот совет ќе сведочат 5-ца полициски службеници.