Тенис
10. May 2016 - 18:57

Второ коло за Србљак во Добој

Македонскиот тенсиер Горазд Србљак ја продолжи серијата победи на фјучрсот во Добој (награден фонд 10.000 долари). Тој откако успешно ги мина квалификациите (две победи) денеска во првото коло го совлада Тихомир Грозданов од Бугарија. Македонскиот тенисер двата сета ги доби со 6:3 и 6:0 во гемови.
Во првиот сет Србљак поведе со 2:0 во гемови, а потоа водеше и со 4:1, но Грозданов намали на 4:3. До крајот на сетот Србљак освои два гема, а со шестте во вториот сет направи серија од вкупно осум гема.
Во второто коло противник на Србљак ќе му биде Лука Илиќ (4.носител) од Србија.
На фјучрсот утре настап во првото коло ќе има и најдобриот македонски тенсиер Томислав Јотовски, кој како седми носител ќе игра против Петар Цонкиќ од Србија.