Тенис
11. January 2017 - 21:45

Второ коло за Јотовски на фјучрсот во Мајами

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски успешно ја мина првата пречка на фјучрсот во Мајами, што се игра за нагарден фонд од 15.000 долари. Тој како „среќен губитник“ го победи Рикардо Хочевар од Бразил за 77 минути со 6:0 и 6:4 во сетови. Во првиот сет Јотовски на противникот му препушти само седум поени.

Во следното коло нашиот тенисер ќе игра против Шпанецот Мигуел Семлер (683 место на АТП, 19 години).
Семлер во 1.коло го победи седмиот носител Никола Чачиќ од Србија.
За Јотовски ова ќе биде шести меч во сингл конкуренција во седум дена, откако претходно играше четири меча во квалификациите.