Тенис
29. јуни 2016 - 16:53

Второ коло за Ѓорческа на фјучрсот во Штутгарт

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се палсира во 2.коло на фјучрсот во Штутгарт што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Таа во 1.коло ја победи квалификантката Рија Батија од Индија со 6:3 и 6:1 во сетови за 52.минути игра и утре ќе игра во 2.коло против Ива Приморац од Хрватска. 

Во меѓусебните дуели скорот е 1-0 за Ѓорческа која има победа на фјучрс во Анталија во 2014 година. Приморац се наоѓа на 620.место на ВТА, а Ѓорческа е трета носителка на турнирот.