Кошарка
3. September 2016 - 15:28

Второ коло од квалификациите за Еуробаскет 2017

Вкупно 13 натпревари ќе се одиграат попладнево и вечерва од квалификациите за Еуробаскет 2017. Дуелот во Софија меѓу Бугарија и Словенија привлекува внимание, секако заедно со гостувањето на Македонија во Лондон кај Велика Британија. Бугарија загуби на првиот дуел, додека Словенија е селекцијата која можеби има најсилен состав во овие квалификации.
Свој прв натпревар на домашен терен ќе го игра и селекцијата на Косово против репрезентацијата на Украина.
 
Двојки на натпреварите за 2.коло:
А група: Кипар – Исланд и Швајцарија – Белгија.
Б група: Данска – Холандија и Австрија – Германија.
Ц група: Босна и Херцеговина – Шведска. Русија е слободна.
Д група: Белорусија – Полска, Португалија – Естонија.
Е група: Бугарија – Словенија и Косово – Украина.
Ф група: Словачка – Грузија и Албанија – Црна Гора.
Г група: Велика Британија – Македонија и Унгарија – Луксембург.
Натпреварите од 3.коло се играат на 7.септември (среда).