Македонија
3. December 2015 - 18:47

Вторник неработен ден

Празникот Св. Климент Охридски 8 Декември (вторник) е неработен за сите граѓани на Република Македонија, согласно Законот за празниците на РМ, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните на Република Македонија коишто го чествуваат и го слават патронот „Св. Климент Охридски”.