Вториот пензиски столб надмина 400.000 членови
Бројот на членови во вториот задолжителен пензиски фонд заклучно со ноември годинава надмина 400.000, соопшти денеска Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).
Според МАПАС, во тек на повеќегодишното постоење на задолжителните пензиски фондови и со зголемувањето на бројот на вработени во Македонија, се бележи континуирано зголемување на бројот на членови во вториот столб. Зачленувањето на членовите во вториот столб е на редовна основа.
- Мисијата на МАПАС е да ги заштити интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови. Водејќи се од својата мисија, МАПАС е секогаш достапна за секое заинтересирано лице кое може да се обрати кај нас, секој работен ден за да добие информација во кој пензиски фонд е член или да постави прашања поврзани со неговите права кои произлегуваат од членувањето во пензиските фондови, се вели во соопштението од МАПАС.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море