Спорт плус
4. January 2017 - 18:31

Втора победа на Танде на турнејата „Четири новогодишни скокалници“

Норвежанецот Даниел Андре Танде победи на скокалницата во Инсбрук, третата станица на Новогодишната турнеја по што го презеде водството во вкупниот пласман.
 
Поради лошите временски услови, во Инсбрук, се одржа само една серија на скокови. 
Тоа беше доволно Танде да собере најмногу бодови од судиите, за скокот од 128,5 метри. иако неговиот сонародник Роберт Јохансон, го имаше најдолгиот скок од 133 метри, сепак мораше да се задоволи со 2.то место.
За Таде ова беше втор триумф на новогодишната турнеја, откако победи и пред три дена во Гармиш Партенкирхен.
 
Во пресрет на последната скокалница, во Бишофсхофен, Танде во вкупниот пласман има 1,7 бодови повеќе од Камил Стох од Полска, кој денеска заврши на 4.место, но имаше и незгоден пат.