Македонија
26. August 2015 - 16:26

Втора конференција за Западен Балкан во Виена - Се очекува сериозен напредок во справување со мигрантите

Сериозен напредок по прашањето за бегалската криза и проблемите со кои се соочуваат земјите од регионот, очекуваат учесниците на втората конференција за Западен Балкан, што под покровителство на Ангела Меркел се одржува денеска и утре во Виена. Иницијативата на Германија за поттикнување на реформските процеси на овие држави годинава ќе биде во фокусот на мигрантската криза која добива драматични димензии. Она што на државите од регионот, пред се Македонија и Срибија им е потребно е координирана помош и поддршка во транзит процесот на бегалците од Сирија и Ирак, чија крајна цел се европските држави.

На минатогодишната прва конференција во Берлин беше одлучено дека до 2030 земјите од регинот ќе имаат на располагање 30 милјарди евра, средства од Европската Унија за развој и инфраструктура.

Надежите се дека по конференцијата во Виена ќе произлезат конкретни проекти со кои ќе можат да се повлечат дел од средствата. Германија и Европската Унија, за возврат очекуваат меѓусебна соработка на земјите за заедничките проекти.

Еден од плановите е автопастко поврзување на Ниш преку Приштина и Тирана до Драч.

Според најавите, самитот ќе го отвори австрискиот канцелар Вернер Фајман кој по завршувањето заедно со германската канцеларка Меркел ќе ја информира јавноста за постигнатите резултати.

Денеска е министерскиот состанок на ниво на шефови на дипломатиите, а утре средбата на Премери.

На Самитот ќе учествуваат  лидерите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија. На билателарните состаноци ќе присустува и Хајнц Фишер, претседател на Австрија, Себастијан Курц, министер за надворешни работи на Австрија, како и највисоки претставници на ЕУ, првенствено Федерика Могерини, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Марош Шефчович, потпретседател на Европска комисија и комесар за енергетика и Јоханес Хан, европски комесар за проширување и соседска политика.