Свет
13. March 2018 - 13:28

Втор сомнителен пакет во британскиот Парламент за два дена

Британската полиција денеска е повикана во Парламентот за да истражи сомнителен пакет, се наведува во соопштението на полицијата.

Во соопштението се наведува дека биле повикани припадници на специјалните единици кои ќе ја истражат содржината на пакетот.

И вчера британската полиција беше повикана поради пакет со сомнителна супстанца, а две лица превентивно беа испратени во болница. Подоцна полицијата соопшти дека супстанцата не била опасна.