Ракомет
24. September 2017 - 19:51

Втор пораз на Металург во Лигата на шампиони

 Ракометарите на Металург го претрпеа и вториот пораз во елитната Лига на шампиони.
 
Македонскиот вице-првак попладнево загуби од турскиот шампион Бешикташ со 27-31 полувреме 14-14. 
 
Маталург беше рамноправен во поголемиот дел од мечот, односно се до 48-минута кога резултатот беше израмнет 23-23. Во продолжението гостите од Турција направија две серии од 3-1, па на крајот стигнаа до победа изразена со четири гола разлика (31-27).
 
Хрватот, Халил Јаганац со 9 голови беше најефикасен во редовите на Металург, за кој Филип Кузмановски и Вања Илиќ постигнаа по 4 гола. 
 
Ова беше дуел од Д групата во која вечерва играат Спортинг и Мотор Запорожје, а вчера  Чеховски Медведи загуби од  Монпеље со 24:28. 
 
На табела лидер е Монпеље со 4 бода, пред Мотор, Спортинг и  Бешикташ кои имаат по 2, а Металург и Чеховски Медведи се без освоен бод (0)
 
Металург во следното коло повторно во Скопје, сабота  (30 септември) гостува  Спортинг Лисабон.