Loading Video...
Спорт плус
11. February 2018 - 15:23

Втор ден натпревари на ЗОИ во Пјонгчанг

Втор ден натпревари на Зимската олимпијада во јужнокореанскиот град Пјонгчанг 
 
17-годишнот Редмонд Џерард го донесе првиот златен медал за САД на Олимписките игри во Пјонгчанг, откако победи во дисциплината „слоуп-стајл“ во сноуборд.
 
Германецот Арнд Пајфер беше најбрз и најпрецизен во биатлонскиот спринтот на  10 километри. 
 
Норвежаните потврдија дека се една од најдобрите спортски нации кога во прашање се нордиските дисциплини. 
 
Сите три медали во скиатлон на 30-километри ги освоија норвешките натпреварувачи, а најсјајното, златно одличје му припадна на Симен Кругер 
 
Тоа што се Норвежаните во трчањето, важи за холандските натпреварувачи во брзо лизгање. По тројниот триумф на дамите вчера, денеска Холанѓанецот,
Свен Крамер го освои својот трет златен медал на олимпијадите и тоа во трката на 5.км. 
 
23-годишниот Давид Глајршер и донесе злато на Австрија во дисциплината скиатлон. Тој ја изненади конкуренцијата пред се големиот фаворит Германецот, Лох кој атакуваше на трето злато во низа на олимпијадите, но по големите грешки кои ги направи во последната трка на крајот заврши дури 19-ти.