Македонија
6. August 2015 - 16:17

Втор ден на жалост во Тетово - Потрагата по шест годишната Дрита продолжува

Служби те на општина Тетово како и институциите на централно ниво интензивно работат три дена на расчистување на регионалниот пат од градот кон границата со Косово. Се смета дека постои добра координација па работата треба да резултира со скоро оспособување на патната делница за сообраќај. 
 
Жителите на тетовско Доброште три дена по поплавите се уште чекаат помош околу расчитувањето. 
 
Анализите на центарот за јавно здравје покажаа дека водата за пиење во Тетово е безбедна за пиење. 
 
Во Шипковица и Речица исто така продолжува санирањето на последиците од поплавите, како и потрагата по шестгодишна Дрита Амети од Шипковица која се води како исчезната. Вчера беше најдено безживотното тело на 61 годишниот Раиф Јусуфи кој исто така беше исчезнат.