Македонија
27. April 2016 - 20:01

Втор ден мирни протестни собири во Кичево

Во Кичево попладнево се одржаа два  протестни собири, кои помина мирно и без никаков инцидент.

Првиот протестен собир беше во организација на граѓанското движење „Протестирам” под мотото „Нема правда, нема мир” и започна од пред Основниот суд во Кичево, потоа се дефилираше по булеварот, по што заврши пред зградата на судот.

Вториот протестен собир се одвиваше во оганизација на ГДОМ под мотото „Избори”. Учесниците од овој протест се собра на Градскиот плоштад. За разлика од вчера овој собир немаше дефиле и цело време се одвиваше на Градскиот плоштад.