-->
-->
ВТА:Плишкова на врвот, Мугуруза со скок од 10 места
-->
Чешката тенисерка Анџелика Плишкова е нов владетел во женскиот тенис по најновото рангирање на ВТА листата. Таа скокна две места пред Симона Халеп и Анжелика Кербер. На 4. место се издигна британката Конта.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа назадуваше дури 31 позиција на најновата ВТА листа. Ѓорческа немаше успешен настап на Вимблдон, откако беше елиминирана уште во првото квалификациско коло. Лина сега има 254 поени.
Во машка конкуренција, назадуваше и нашиот најдобар тенисер Томислав Јотовски. Иако вчера триумфираше на ИТФ турнирот во Грузија, Томи падна за осум места на АТП листата и сега е на 777 позиција во светот. На врвот во машка конкуренција, Едни Мареј е прв, пред Рафаел Надал, додека освојувачот на Вимблдон, Роџер Федерер сега е на третото место, пред Новак Ѓоковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија