Тенис
18. July 2016 - 10:28

ВТА: Лина 220-та во светот!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа направи нов голем прогрес на ВТА листата. Од понеделникот Ѓорческа е 220-та на ВТА листата, што во однос на претходното рангирање е „скок“ од 31 место.
 
Ѓорческа, во изминатиов период се наоѓа во брилијантна форма, што го потврдуваат и нејзините резултати ма ИТФ фјучрс турнирите, таа победи во Штутгарт, потоа играше финале во Торино, а во Бурса стигна до полуфиналето но овој турнир не го дочека својот крај поради обидот за воен пуч во Турција.
 
Покрај во сингл, Ѓорческа, на ВТА листата напредуваше и во дубл, таа од понеделник е на 186-то место, што во однос на претходното рангирање преставува напредок од 13 места.