Бизарно но вистинито
17. December 2015 - 20:22

Вшмркал отровна змија низ носот, а ја извадил од уста!

Исклучително опасна изведба која овој маж ја изведува пред учениците, но и на венчавките. 

Игбал Џоги од Пакистан кој има 30 години во селото близу Карачија изведува опасна точка, става змија отровница во носот, а потоа ја извлекува низ уста.

Таа точка ја изведува пред ученици, а не е реткост тој опасен перформанс да го изведува и на венчавки.

Игбал е горд на својот талент и тој се чуствува благословено. 

Сепак во еден случај змијата за малце не го усмртила, но и покрај тоа тој продолжил да ја изведува.

- Три дена се борев за живот. Сепак ова ми е единствен извор на приходи и морам да продолжам да ја изведувам - завршил Пакистанецот.