Бизнис
24. April 2017 - 21:24

Врвни менаџери ќе дебатираат како да се спречи одливот на квалитетни кадри

Како да се спречи одливот на мозоци од земјава? Решенија нудат професионалците од областа на управување со човечките ресурси кои велат дека квалитетната работна сила може да се задржи со со практики кои ќе го зголемат задоволството и лојалноста на  вработените кон компаниите. ХР менаџментот во Македонија е развиен само во некои од индустриите, токму оние во кои работниците се на цена и во голема побарувачка.

Стручњаци од глобални и регионални компании ќе дискутираат за солуции на овие предизивици во брзорастечките индустрии, на 9-та конференција за човечки ресурси.

Компаниите од информатичките технологии, финансиите, фабриките од зоните, се некои од тие во кои се менаџираат човечките ресурси, од најмалку едно лице или пак цел оддел.