Џет-Сет
22. October 2017 - 13:55

Вртоглава сума на чантите и очилата за сонце: Ограбен домот на Мараја Кери

Мараја Кери е уште една позната личност која е жртва на крадци. Непознати сторители влегле во домот на пејачката во Лос Анџелес и украле чанти и очила за сонце во вкупна вредност од 50.000 долари.

Инцидентот се случил околу 3 часот наутро во четвртокот. Во тоа време немало никој во куќата, бидејќи Мараја моментално е во Њујорк. Богатата колекција на накит на пејачката не била допрена.

Според изданието TMZ сторителите влегле во објектот и на вториот кат ги откриле големите вредности, се претпоставува дека само десет предмети биле украдени од домот на ѕвездата.

Со тоа Мараја влегува во листата на редица други познати холивудски ѕвезди, чии домови во Лос Анџелес се ограбени. Меѓу нив се Џејсон Деруло, Кенди Џенр, Аланис Морисет и други.