Живот
19. March 2018 - 17:31

Врисоци, тупаници, влечење за коса и општа хистерија: Снимена тепачка на 50 жени во воз поради слободно место

Несекојдневната сцена доаѓа од Индија.

Имено, во индискиот град Мумбаи, на почетокот на март група жени се судрија во патнички воз поради резервација на седишта. Тоа во оваа земја е многу честа глетка, бидејќи постојат возови наменети само за женскиот пол.

Како причина за тепачката се наведува тоа што одредена група жени резервирале место за својите пријателки и не им даваат на непознати жени да го заземат „нивното“ седиште.

Погледнето го видеото со општа тепачка во Мумбаи.