Свет
17. August 2016 - 9:33

Врховниот суд на Бразил одлучи да започне истрага врз Русеф и Лула да Силва

Бразилскиот Федерален Врховен суд дозволи да се почне истрага против претседателката на Бразил Дилма Русеф и поранешниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва заради наводно попречување на истрагата за корупција, која се водеше против националниот нафтен гигант „Петробраз“, јави БТА. 

Генералниот обвинител на Бразил Родриго Жано побара највисокиот суд да го одреди почетокот на истрагата за Русеф и Лула да Силва. 

Русеф е привремено отстранета од претседателската позиција во  очекување на процедура за импичмент во Сенатот, која ќе започне на 25 август. 

Барањето на Жено за истрага на Русеф и Лула да Силва се основа на сведочењето на сенаторот Делсидиот Амарал, кој е упасен за корупција кон крајот на минатата година. 

Тој се согласи да учествува во истрагата и да сведочи дека Русеф во три наврати се обидела да се вмеша во истрагата за корупцискиот скандал со „Петробраз“. 

Според сенаторот, Лула да Силва предложил да му плати на поранешниот главен менаџер на компанијата Нестор Серверо да се откаже од сведочењата за другите учесници во криминалната шема во „Петробраз“. 

Како што објави бразилската телевизија „Глобо“, уште еден доказ за попречување на истрагата е обидот на Русеф да го назначи во нејзиниот кабинет Лула да Силва. Целта на тоа назначување било поранешниот бразилски претседател да ја избегне истрагата за корупција, водена против него. 

Криминалот во „Петробраз“ доведе до нелегално одземање од бразилскиот буџет сума во висина од неколку милијарди евра. 

Веќе се упасени неколку државни службеници и вработени во „Петробраз“. 

Според последните податоци, поради скандалот со „Петробраз“ во судот треба да се јават, поради една или друга причина, повеќе од 60 политичари, вклучувајќи сегашни и поранешни парламентарни лидери, партиски лидери и гувернери.