Македонија
26. July 2017 - 10:25

Врховен суд треба да се изјасни по жалбите за притвор за обвинети во „Таргет” и „Тврдина”

Врховниот суд денеска треба да се изјасни по жалбите на решенијата на Апелацискиот суд Скопје за определување притвор за три лица обвинети во предметите „Таргет” и „Тврдина” на Специјалното јавно обвинителство.

Врховниот суд соопшти дека петчлениот совет вчера ја почна седницата за разгледување на жалбите и оти одлуката по нив ќе биде донесена на денешното продолжение на седницата.

Апелацискиот суд на 18 јули ја уважи жалбата на СЈО и ги преиначи првостепените решенија и заради обезбедување присуство во кривичната постапка им определи мерка притвор на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“. Мерката притвор не беша активирана бидејќи тројцата поднесоа жалби до Врховниот суд, кој денеска треба да се изјасни по нив.