Македонија
13. September 2017 - 15:33

Врховен: Советот за утврдување на факти да поднесе писмено барање за увид

Откако Советот за утврдување на факти писмено ќе го образложи барањето за пристап, Судот ќе определи време и простор, велат за МИА од Врховниот суд на Република Македонија во врска со обвинувањата од Советот дека не им било дозволено да направат увид во предметот на СЈО, „Таргет и Тврдина“.

- Во време на одржување на јавна седница по повод жалба против пресуда за доживотен затвор, ниту безбедносно ниту технички е можно извршување на активности на Советот, истакнуваат од Врховен суд.

Оттаму додаваат дека Советот навремено писмено бил известен и оти на претставниците на Советот ќе им биде определен термин за прием во Судот во согласност со прописите.

- Со напомена дека целокупната писмена кореспонденција помеѓу Врховниот суд и Советот за утврдување на факти е доверлива, односно  изнесувањето содржини од писмената кореспонденција со ознака ДОВ од страна на Советот претставува кривично дело, посочуваат од Врховен суд на РМ.