Македонија
22. May 2017 - 16:30

Врховен не донесе одлука дали бомбите се докази

Врховниот суд  на општа седница, на неопределено врме ја одложи расправата за тоа дали „бомбите“ односно нелегално прислушуваните материјали можат да бидат искористени како доказ во судска постапка.

На седницата деенска  своја експертиза даде  поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права Мирјана Лазарова Трајковска.

Пракса за користење на вакви докази вели Трајковска имало и во македонската судска пракса.

Минатата недела претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски на средба со новинарите рече дека смета оти нелегално прислушуваните разговори не може да се користат како доказ, туку само како индиција за постоење кривично дело.