Македонија
21. August 2017 - 18:02

Вренцовска: Годинашното „Охридско лето“ - вонвременско уметничко доживување

Со претставата ,,Ничија земја“ режирана од познатиот Александар Морфов а во изведба на Македонскиот народен театар заврши овогодинешното издание на Охридско лето.

Годинешната  57ма манифестација измина во знакот на полни гледалишта, позитивни  критики и задоволни уметници.

Во овие овие 40 фестивалски денови се случи едно неповторливо доживување  со  големи музички звезди, врвни театарски престави, премиери, гости од целиот свет и   распродадени настани.