Македонија
21. October 2016 - 20:42

Времнска прогноза - Еве какво време не очекува утре

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде облачно со услови за слаб локален дожд во западните и северните делови од земјава. Попладне се очекува облачноста постепено да се намалува и ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје претпладне со услови за слаб дожд, а попладне облачноста ќе се намалува и ќе има и сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Од недела до среда следува период на стабилно, суво и потопло време. Во среда кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд кои ќе продолжат и в четврток кои ќе бидат проследени со северен ветер и опаѓање на температурата.