Македонија
11. October 2016 - 8:20

Времето во Македонија облачно со кратки сончеви периоди

Времето во Македонија облачно со кратки сончеви периоди, а попладне со повремени врнежи од дожд, на места со ретки грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон среда, особена во северозападните и северните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2.  Ќе дува слаб до умерен јужен и југоисточен ветер.   

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд, кој ќе биде пообилен во ноќните часови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до седум, а дневната до 17 степени.

Во среда во претпладневните часови се уште ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат послаби и локални. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува умерен ветер од сверозападен правец. Од четврток се очекува стабилно и потопло време.