Македонија
30. July 2016 - 8:05

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло

 Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 9. 

 
 

Температурата ќе се движи од 28 до 36 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 34 степени. 

За време на викендот и во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно и многу топло. Во вторник попладне и во среда повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.