Македонија
9. April 2016 - 8:29

Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд

Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Од пладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во југоисточните делови. Мининалната температура ќе се движи од 5 до 12 степени, а максималната од 15 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно претпладне со сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен западен ветер. Мининалната температура ќе достигне до 11 степени, а максималната до 20 степени.