Македонија
28. July 2016 - 8:29

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност со температура до 35 степен

Времето  во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 24 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи.

Температурата ќе достигне до 33 степени.