Времето денес ќе биде сончево, од петок снег
Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во одделни котлини и речни долини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност. Преку денот се очекува да се намалува облачноста. На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 18 до 24 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, а во попладневните часови ќе има подолги сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 21 степен.
Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд и зголемување на облачноста. Во попладневните часови ветерот ќе го промени правецот од југоисточен кон северен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите за седум до 10 степени.
Во четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, нешто пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови. Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките места и на планините во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово