Македонија
14. October 2016 - 8:13

Времето денес ќе биде сончево и потопло со мала облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура од  минус два  до седум, а дневната температура од 19 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до два, а дневната до 21 степен.

Во сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Од недела под влијание на влажен воздушен бран ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и пад на дневните температури од понеделник. Повеќе врнежи се очекуваат во недела кон понеделник, кога на места ќе бидат проследени со грмежи.