Македонија
15. October 2015 - 8:19

Времето денес ќе биде променливо облачно со температури до 23 степен

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 18 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде  променливо облачно време со сончеви периоди, а кон крајот на денот ќе биде облачно со услови за појава на краткотраен слаб дожд. Во Скопје температурата ќе достигне до 20 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови со услови за слаб локален дожд. Во недела ќе има подолги сончеви периоди. Од понеделник ќе има ново зголемување на облачноста. Во целиот овој период ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.