Македонија
7. October 2015 - 9:05

Времето денес ќе биде облачно со температури до 23 степен

Времето во Македонија ќе биде облачно. Претпладне врнежите ќе бидат во западниот дел од земјата, а во попладневните часови врнежи со слаб и умерен интензитет ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде облачно со услови за краткотраен дожд. Од пладневните часови облачно со повремен слаб до умерен дожд и претежно североисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

За време на викендот повторно се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд.