Македонија
20. јуни 2017 - 8:16

Временска прогноза: Почнува пеколот

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до до 14, а дневната од 24 до 32 степена. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура до 11, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Следува период на претежно стабилно, а од средината на неделата и многу топло време. Максималната температура на повеќето места ќе биде над 30, а долж Повардарието над 35 степени. Преку денот ќе има умерено наоблачување, а локална појава на краткотраен дожд е можна в четврток.