Македонија
2. March 2016 - 14:47

Временска прогноза, еве какво време не очекува во март

Февруари беше невообичаено топол месец во Македонија. Средните температури на воздухот измерени кај нас се движеа од 4,4 степени во Маврово,  10 во Гевгелија, 8,5 степени во Скопје, 7,7 степени во Охрид, 8,4 степени во Прилеп, 9,3 степени во Струмица, 10,0 степени во Штип, 10,7 степени во Демир Капија. 

Според информациите од УХМР, средните месечни максимални и минимални температури се исто така значително повисоки од вообичаените за овој период, и изнесуваат од 5 до 8 степени целзиусови.

Апсолутните максимални температури на воздухот минатиот месец се движат од 17.7 степени во Маврово, 23,8 степени во Битола, 24,3 степени во Крива Паланка. Во Скопје на 24-ти се измерени температури од 24,3 степени целзиусови.

Количеството на воден талог било нерамномерно минатиот месец. Најмногу дожд наврнал во Лазарополе и Маврово, и тоа 116 мм, а најмалку во Демир Капија и Гевгелија.

Најголемо дневно количество врнежи е забелеежано во Маврово.

Инаку, времето во Македонија денеска е променливо облачно со кратки сончеви периоди и со услови за локален слаб дожд, особено попладне. Температурите до 17 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен локален дожд. Повеќе врнежи се очекуваат в четврток кога кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен што ќе донесе заладување, односно температурата ќе опадне за неколку степени. Во западните делови на планините врнежите ќе поминуваат во снег каде се очекува да се формира и нова снежна покривка.

Викендов се очекува сонце во Македонија.