Македонија
10. December 2015 - 17:34

Времен сообраќаен режим на улицата „Боца Иванова“ во Бутел

Од утре (11 декември) до 20 декември затворен за сообраќај ќе биде кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ во Бутел.

Сообраќајот ќе биде целосно стопиран од утре во 8:30 часот наутро, а сообраќајот во наредните десет дена ќе биде пренасочен по улицата „Цетинска“ и подвозникот на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Автобуските линии со броевите 57, 47, 47а, 61, 71, 8 и 61, во посочениот период ќе се пренасочат по улицата „Цетинска“ и подвозникот на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Стопирањето и пренасочувањето на сообраќајот кај кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ се воведува поради изградбата на големата атмосферска канализација кон улицата „Александар Урдаревски“.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот сообраќаен режим.