Македонија
21. April 2017 - 9:43

Времен режим на сообраќај на улицата „Филип Втори Македонски“

Од денеска па се до завршување со градежни работи ќе биде изменет режимот на сообраќај на улицата „Филип Втори Македонски“.

Како што соопштија од АД Гранит времениот режим е поради  прекоп на улицата за приклучување на објектот „Државни институции – Јавна администрација и Факултет за драмски уметности“ – Скопје на постојната водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација.