Свет
12. July 2017 - 22:54

Вреј: Никој не побарал од мене лојалност кон Белата куќа

Кандидатот за директор на Федералното изстражно биро (ФБИ), Кристофер Вреј изјави дека од него не било побарано да вети лојалност кон Белата куќа.

Тој посочи дека неговата лојалност е кон Уставот, владеењето на правото и мисијата на ФБИ.

- Никој не ме прашал за таков вид на заклетва на лојалност во кој било момент од овој процес, истакна Вреј додавајќи оти тој сигурно не понудил такво нешто.

Изјавата на Вреј уследи откако демократскиот сенатор Патрик Лихи изјави дека и понатаму е вознемирен поради отказот на поранешниот фиректор на ФБИ, Џејмс Коми.

Имаше наводи дека американскиот претседател Доналд Трамп дека за време на приватна вечера побарал од Коми да му вети лојалност.