Македонија
23. November 2015 - 8:19

Врапчиште ќе добие детска градинка

Во селото Врапчиште денеска ќе биде отворена првата Јавна општинска установа-детската градинка „Пранвера” сместена во рамки на ОУ „Врапчиште”.

На свеченоста ќе присуствуваат министрите за образование и наука Абдилаќим Адеми и за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски, постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон и градоначалникот  на Општина Врапчиште, Бајрам Кадрија.