Врачени стипендиите „Борис Трајковски“
Нови 20 стипендии „Борис Трајковски“ за магистерски студии по бизнис администрација на Сити колеџот од Солун, како дел од Универзитетот Шефилд во Велика Британија врачи денеска претседателот Ѓорге Иванов. Стипендиите „Борис Трајковски“ се доделуваат веќе шеста година по ред.
- Избрани сте како најдобри од најдобрите бидејќи сакате да учите и да се надградувате, рече претседателот.
Едно од најчестите прашања, потенцираше тој, што ми го поставуваат моите колеги и соговорници е за односите меѓу Република Македонија и Република Грција, меѓу македонското и грчкото општество.
- Мојот одговор е секогаш ист: има едно прашање што не разделува, но има многу нешта кои не поврзуваат. И речиси секогаш како пример за поврзаноста ги наведувам стипендиите што ги доделуваме во соработка со Сити колеџот од Солун. Стипендии кои не случајно го носта името на нашиот голем миротворец, претседателот Борис Трајковски, рече Иванов.
Вие, како што посочи шефот на државата, сте дел од еден поголем процес што е посветен на дијалогот, градењето доверба и меѓусебното разбирање и почитување меѓу македонското и грчкото општество.
Дваесетте стипендисти добиваат исклучителна можност за студирање на магистерските студии по бизнис администрација на оваа меѓународно препознатлива, престижна и респектабилна високообразовна установа, посочи саменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Стипендијата изнесува 14.890 евра. Половина од средствата ги обезбедува Владата на Република Македонија, а половина ги обезбедува „СИТИ Колеџот“ во Солун.
- Апелирам до вас максимално да се заложите и да ја искористите шансата за проширување на образовните видици и надградба на личниот образовен фонд во областа која е поле на Вашиот интерес, без притоа, да имате грижа од финансиски аспект, рече Ристовски. Очекувам, додаде тој, дека сето стекнато знаење и искуство, по завршувањето на студиите целосно ќе го вложите во развојот и напредокот на Република Македонија.
Директорот на Сити колеџот Јоанис Верверидис рече дека се надева и верува дека на стипендистите им се дава единствена можност. Универзитетот Шефилд секоја година е рангиран меѓу првите 100 на Шангајската листа, а во регионот работи повеќе од дваесет години.
Стипендиите се иниицирани од трагично загинатиот македонски престедател „Борис Трајковски“.
Ново на Сител
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро