Вработувањата и растот на платите во ЕУ се враќаат на нивото пред економската рецесија
Европската комисија денеска го објави својот годишен извештај за пазарот на трудот и развојот на платите во Европа, при што годинешното издание ги потврдува позитивните трендови на пазарот на трудот кои беа забележани во Европската унија.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, вработувањето во Унијата го надминало нивото пред кризата со повеќе од 235 милиони луѓе што во моментов работат во ЕУ. Невработеноста во рамки на Европската унија, која сега изнесува 7,6 проценти, исто така, се приближува до нивото пред рецесијата.
Годинешниот извештај на Еврокомисијата покажува и дека на невработените во ЕУ полесно можат да најдат работа, а платите се зголемиле во речиси сите земји-членки, од кои само на оние земји во Еврозоната, месечните примања се зголемиле за 1,2 отсто во 2016 година.
Од друга страна, пофлексибилните работни договори придонеле и за фирмите и за поединците во Унијата, но во некои случаи довеле до поделба меѓу работниците кои имаат различни видови на договори, при што лицата со привремени вработувања и самовработување се помалку заштитени. Во тој поглед, Мариен Тисен, еврокомесарка за вработување, социјални прашања, вештини и мобилност на трудот, истакна дека „се повеќе и повеќе луѓе во Европа можат да најдат работа“, посочувајќи дека сега сме сведоци на „највисоко ниво на вработување што било забележано“.
- Европа ги користи придобивките од целните реформи во политиката. Истовремено, треба да ги решиме и натамошните предизвици, мораме да обезбедиме фер услови за работа и заштита за сите работници, независно од нивниот работен статус. Врз основа на Европскиот столб на социјални права, кој го започнавме на 26 април оваа година, ние работиме да се модернизираат правилата за договорите за вработување и социјална заштита, а за да се постигнат подобри услови за работа и живот во ЕУ, истакна еврокомесарката Тисен.
Ново на Сител
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе