Бизнис
6. December 2017 - 19:33

Вработените во Фени ги прекинаа блокадите, екс менаџментот доби нова кривична пријава

Швајцарскиот фонд Фос Асад Менаџмент е првиот инвеститор кои го потпиша меморандумот со условите од  банките за превземање на Фени. Но дали ќе го добие комбинатот ќе се се знае до крајот на денот кога истекува рокот во кои сите заинетерсирани инвеститори треба да се изјаснат дали ги пр4ифаќаат условите на банките. Неофицијално Швајцарскиот фонд е подготвен да ги превземе сите долгови на Фени  и плус да инвестира 30 милиони евра. Посочиле дека имаат капацитет да го рестартираат Фени за најмногу два месеци од денот на потпишувањето на договорот за негово превземање. Но бараат брзо решавање на процесот со отворената стечјан постапка.

Според неофицијални податоци ако фондот  биде идниот сопственик, на Фени на работа ќе останат сите работници, а ќе има и нови вработувања.

Работниците денеска ги ставија блокадите во мирување откако стечајниот управник  посочи  дека банките ги пуштиле парите за нивните плати. Добиле ветување дека плата  ќе  имаат утре.

Во меѓувреме финансиската полиција поднесе нова втора кривична пријава за претходниот извршен директор на Фени  поради  злоупотреба на службената положба со што го оштетил комбинатот со над 50 милиони долари

Швајцарскиот фонд има искуство во работата со фероникел што е уште едне плус за нив кога ќе се бира идниот сопствени за Фени.