-->
-->
Вработени во рудник во Бугарија стапија во штрајк со глад
-->
Работниците од рудникот за манган „Оброчиште", што се наоѓа близу градот Добрич во североисточна Бугарија, стапија во штрајк со глад со барање државата да го преиспита концесискиот договор за наоѓалиштето, јави БТА.
Според лидерот на синдикатот на рудникот, Ивајло Тодоров, двонеделниот протест за повисоки плати на 180 рудари, не вродил со плод, па тие се решиле на порадикални чекори.
Раководството го блокираше пристапот до рудникот.
- Штрајкот веќе е за спасување на рудникот. Штрајкувачите не можат да воспостават никаква врска, дури ни телефонска, со раководството на рудникот, рече Тодоров.
Наоѓалиштето за манган близу селото Оброчиште, експертите го сметаат за четврто по големина во светски рамки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите