Тенис
13. August 2017 - 11:13

Вознијацки и Свитолина во борба за трофејот во Торонто

Елина Свитолина успеа да се пласира во финалето на Мастресот во Торнто откако ја совлада ланската победничка на овој турнир Симона Халеп со 2-0 (6:1 и 6:1) за 57 минути игра.
Таа во финалето ќе игра против Каролине Возниацки. Данската тенисерка ја победи Слоун Стивенс повратничката на ВТА турнирите (поради повреда имаше отсуство) со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3) за 80 минути игра. Возниацки е победничка на овој турнир од 2010 година.
Во меѓусебните мечеви билансот е 2-0 во победи за Свитолина.