Свет
10. February 2016 - 12:10

Вознемирувачко: Врисоци и лелекања во вагоните по сударот на двата воза во Германија

По вчерашниот страотен судар на возови во Германија кај Бад Ајблинг во Баварија бројот на жртвите се искачи на 11. Спасувачките екипи успеаа да го пронајдат лицето кое се водеше како исчезнато. И за жал е додадена на пописот на загинати.

Инаку вчера на ЈуТјуб се појави видео кое ги покажува моментите непосредно по несреќата во внатрешноста на уништениот воз.

На снимката се гледаат патници кои им помагаат едни на други додека ги чекаат спасувачките екипи, се слушаат вресоци, кршење, како и коментари од патниците за тоа како се случила несреќата:

-Мислам дека не удри воз од спротивен правец, Можеби семафорот бил исклучен...

Тој додаде дека возовите сигурно оделе со голема брзина, како и дека на таа делница од пругата максимално дозволена брзина е 100 км. на час.