Спорт плус
21. August 2017 - 12:50

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Во улична тепачка убиен светскиот шампион во дигање тегови

Светскиот шампион во дигање тегови Андреј Драхјов почина како последица од повредите здобиени во улична тепачка во рускиот град Хабаровск.

Него вчера наутро пред еден кафе-бар го претепа ММА борецот Анар Алакверанов.

Како што пренесуваат руските медиуми, до пресметката дошло кога двајцата учесници во алкохолизирана состојба се расправале кој спорт е посилен, дигање тегови или ММА, па одлучиле со тепачка да ја решат дилемата.

Драхјов бил совладан и паднал на земја, а потоа додека лежел добил смртоносни удари.

Алакверанов подоцна бил уапсен од руската полиција.