Балкан
12. January 2016 - 12:41

Вознемирувачко: Распарчени човечки тела лежат пред Аја Софија

Најмалку 10 лица загинаа, а 15 други се ранети претпладнево при експлозија на централниот истанбулски плоштад „Султанахмед“, кој е едно од главните туристички атракции на најголемиот град во Турција.

Како што јави агенцијата Анадолија, експлозијата се случила во 10:20 часот по локално време (9:20 часот по средноевропско време).

Турските медиуми јавија дека е можно биланост на загинати да не е конечен, бидејќи неколкумна од повредените се наоѓаат во критична состојба.

Според електронското издание на весникот „Хуриет“, експлозијата се случила во момент кога на плоштадот имало поголем група странски туристи.

Весникот „Радикал“ објави дека деветмина од загинатите се германски туристи.

ДПА јави дека меѓу повредените има шестмина Германци и по еден државјанина на Јужно Кореја, Норвешка и Перу. 

Причините за експлозијата засега не се познати, но според непотврдени информации, најверојатно станува збор за терористички напад извршен од бомбаш-самоубиец.

ТАСС јави дека според турските безбедносни служби, зад експлозијата најверојатно стои џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Локалните власти на Истанбул соопштија дека започнале истрага за утврдување на причините за експлозијата и за типот на експлозивот што бил користен, како и за тоа кој стои зад неа.  

Медиумите пренесуваат и различни информации за точната локација на експлозијата. Според едни, таа се случила на самиот плоштад, а според други, кај еден од влезовите на џамијата „Султан Ахмед“.

Телевизијата Си-Ен-Ен-Турк пренесе изјави на очевидци на настанот, кои тврдат дека слушнале „гласна експлозија“.

На местото на настанот пристигнаа поголем број полициски, амбулантни и противпожарни возила, а полицијата го блокира целиот реон околу плоштадот.

Околу плоштадот „Султанахмед“ во Истанбул, покрај џамијата „Султан Ахмед“, уште позната и како „Сина џамија“, се наоѓа и храмот „Света (Аја) Софија“, а во негова близина е и главната истанбулска Судска палата.

Турските медиуми јавија дека властите им забраниле да известуваат за детали околу експлозијата, со образложение дека тоа би можеле да и наштетат на истрагата.

Поради експлозијата, турскиот премиер Ахмет Давутоглу свика кризна седница на Владата со учество на претставници на безбедносните служби.