Балкан
11. August 2016 - 17:21

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Нуркачите го извлекуваат телото на Андреј од Дрина

Телото на словенечкиот скокач Андреј Беуц е пронајдено денеска во Дрина кај Козлук, на 15 километри низводно од Зворник.

Како што јавува РТРС телото на Беуц околу 11 часот го забележал Абдула Хасановиќ, риба род Козлук додека шетал покрај Дрина. Тој веднаш ги повикал надлежните служби кои утврдија дека се работи за Андреј Беуц.

-Дојдов со кучето до градината, но ми беше необично што не се тргаше од брегот. Лаеше и кога дојдов до него видов нешто што во прв момент ми личеше на кукла. Кога подобро погледнав  сфатив дека се работи за тело. Веднаш ја алармирав полицијата и тие брзо стигнаа. Телото беше на многу непристапно место, рече Хасановиќ.

Од МВР на Република Српска е потврдено дека е пронајден машки труп кој на себе имал само купаќи. Во потрагата за Беуц кој исчезна на 7. август по скокот во Дрина во 16.50 часот, учествуваа и нуркачи од Словенија.

Беуц по скокот од висина од 20 метри од мостот Крал Александар Први Караѓорѓевиќ се појавил на површината, а потоа исчезнал во водата. Спасителите со чамците не успеаја да му помогнат. Беуц кој бил професионален падобранец, настапи на натпреварот за скокови кој се организираше во рамки н аманифестацијата „Зворничко лето“.