Живот
30. March 2017 - 15:28

Вознемирувачко: Дадилката го гушела детето, родителите се снимиле, бебето плачело и повраќало

Џанг и Чен вработиле дадилка за да отидат на краток службен пат. Бебиситерка нашле преку агеднија, која по страотниот инцидент рекла дека не е виновна, но кога и ја покажале снимката, изјавила дека била лошо расположена.

Џанг поставил камери во куќата за да може да ја надгледува дадилката и едногодишниот син преку пренос во живот на својот мобилен телефон и околу 18 часот имал што да види.

Бебиситерката, инаку на свои четириесетина години, нестрпливо и грубо му пикала храна во устата на детето, а потоа го удирало откако несреќното дете ја повратило храната на маса. Потоа му го држела носот затворен за да отвори уста и да ја голта храната.

Несреќното дете цело време плачело и се гушело, а родителите не можеле да му помогнат. Тие веднаш тргнале кон дома и случајот го пријавиле во полиција.

Дадилката рекла дека тоа не е вистина, но откако и ј а покажале снимката, рекла дека била лошо расположена.

Детето веднаш е пренесено во болница, каде констатирале дека има тешкотии со дишењето.

Во тек е подетална истрага за случајот.